Едукативна еко - работилница одржана во ОУ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ с.Теранци
Во Основното Училиште Климент Охридски од Теранци, во 4 паралелки од прво до четврто одделение, во присуство на 15 ученика, е одржана едукативна кампања на тема Биди модерен - селектирај паметно.
Одржани се по 2 часа, од кои на првиот час е одржана едукација преку презентирање на презентација под наслов Биди модерен-селектирај паметно, а на вториот час спроведена е интерактивна настава преку метод на дискусија и прикажување. Целта на часовите е да се едуцираат учениците за поимот разделно собирање на отпадот од пакувањата, како и негово правилно селектирање. Учениците треба да научат за правилното искористување на контејнерите во боја, а истовремено и дефинирање на процесот рециклирање, негов опис и значење. Учениците се запознаваат со хартијата, пластиката, стаклото, металот и дрвото како видови материјали, нивен начин на добивање и заштедата која произлегува од нивното рециклирање.
Сите паралелки од прво до четврто одделение беа наградени со Пофалници, а училиштето на свое име доби Благодарница за учество во едукативната програма.
По спроведените работилници и акцијата за собирање на пластичен отпад, претставник од Компанијата „Еко-Пак Хит“ од Кочани го посети училиштето Климент Охридски и на најуспешните одделенија во собирање на пластичен отпад им врачи донации. Беа доделени спортски реквизити - фудбалски топки, а сите ученици учесници во акцијата беа почестени со производи од компанијата Макпрогрес од Виница.
Настанот медиумски беше покриен од страна на Телевизија Кочани, Радио Кочани, Комарец и Општина Чешиново-Облешево.